Свет cee_lo_green

24 декември, 2013

Си Ло Грин повторно ќе го активира дуото Нарлс Баркли

Познатиот американски музичар Си Ло Грин планира повторно да го оформи дуото Нарлс Баркли (Gnarls Barkley), кое   го основаше во 2004 година заедно со диџејот Дејнџр Маус (DJ Danger Mouse). Ова соул дуо ги освои скоро сите врвови на топ листите во 2006 година кога го објави хит синглот „Crazy“, а од самото основање до 2008 година има издадено 2 студиски албума. Веќе од 2010 година Си Ло се посвети на неговата соло кариера, како и улогата на судија во музичкиот натпревар The Voice, а како самостоен уметник до сега издал 2 албума.

По неколку години пауза, Си Ло изјавил дека е подготвен да прави нова музика со својот соработник Дејнџр Маус. Кога снимателот на TMZ го прашал какви му се плановите во врска со реактивирањето на овој проект, тој одговорил: „Да, веројатно следната година.“ 

Нивниот последен албум од 2008 година, изданието насловено „The Odd Couple“ ја освои Греми наградата за најдобар албум. Уште во 2011 година Си Ло за едно списание изјавил дека наскоро може да се очекува продолжение на овој проект, но овој пат тоа ветување би се остварило. Најверојатно е дека ова реобединување ќе се случи на музичките фестивал Coachella Valley во Калифорнија.

 



Врати се горе ↑