24 ноември, 2012

Си Ло Грин пее за „Овој Божиќ“

Американскиот пејач Си Ло Грин неодамна веќе објави еден празничен сингл заедно со неговата колешка Кристина Агилера, а тоа беше преработката на „Baby It’s Cold Outside“, а деновиве за претстојните празници пејачот издаде уште еден сингл „This Christmas“, кој е дел од празничниот албум на пејачот насловен „CeeLo’s Magic Moment“. И овој сингл е преработка на истоимената песна од 1970 година, оригинално испеана од Дони Хетавеј. Грин сними и видео запис за истата, во режија на Микаел Колумбо, кој е доста интересен и по малку бизарен. Погледнете за што станува збор.

 



Врати се горе ↑