Настани ceelo-green

18 јуни, 2013

Си Ло Грин на роденденот на Егзит

Овогодишната продажба на промотивните влезници за Exit Фестивлот 2013 трае до 2-ри јули. Од вторник, 2-ри јули во продажба ќе се најдат фестивалските влезници по цена од 4.510 денари и еднодневните влезници по цена од 1.890 денари, а нивната продажба завршува на полноќ, 6-ти кон 7-ми јули.

ПРОМО ЦЕНА НА ВЛЕЗНИЦИТЕ ДО 2-ри ЈУЛИ

Публиката во Македонија во моментов има можност за купување на фестивалските влезници по промотивна цена од 3.580 денари и еднодневните влезници по цена од 1.560 денари. Таа цена на влезниците важи заклучно со 1-ви јули.

Од 2-ри јули цената на фестивалските карти поскапува на 4.510 денари, додека еднодневните влезници ќе чинат 1.890 денари. Цената на кампот останува трајно иста и изнесува 1.650 денари. Продажбата на влезници за Exit по оваа цена ќе трае до сабота, 6-ти јули (вклучувајќи ја и саботата).

Интересот на публиката, барем судејќи според продадените влезници, во голема мера го надминува оној од претходните години, па според тоа на Exit Р:Еволуцијата може да очекувате многу сонародници од Македонија. Најголемиот и најугледниот фестивал во нашиот регион повторно ќе доведе огромни музички имиња од кои некои, како што се Atoms For Peace(предводени од Thom Yorke и Flea), David Guetta, Nick Cave & The Bad Seeds, Diplo и Snoop Lion на Петроварадинската тврдина ќе одржат свој ексклузивен настап во рамки на целиот регион. Комплетниот line up на фестивалот сѐ уште се заокружува, но и до сега објавените имиња веќе гарантираат лето за паметење. На тврдината ве очекуваат и Bloc Party, Fatboy Slim, The Prodigy, Chase & Status & Rage, DJ Fresh live, Dubfire, Eric Prydz, Jeff Mills, Pan-Pot, Rudimental live, SBTRKT, Seth Troxler, Ana Popović, Delilah, Eyesburn, Feed Me, Gregor Tresher live, Mathew Jonson live, Prong и многу други.

Официјално продажно место за Македонија:

МКтикетс – Југотон, Скопје (ГТЦ, прв кат)

 

Во продажба се достапни и EXIT ПАКЕТИ:

Фестивалска влезница + превоз + сместување: од 6.150 денари (во зависност од изборот за сместување).

Шести ден р:еволуција со СИ ЛО ГРИН на EXIT роденденот на 28. Јуни!

CeeLo Green, еден од најпопуларните гласови на денешницата, ќе настапи во рамки на најголемата роденденска журка на фестивалот до сега!

EXIT фестивалот ќе го прослави својот 13ти роденден на 28 јуни на плоштадот „Слобода“ во Нови Сад, со соул кралот и неверојатниот добитник на 5 Греми награди! Со овој настап EXIT практично добива и свој шести ден, кој ќе биде организиран на плоштадот во Нови Сад, и кој ќе бидеБЕСПЛАТЕН за сите посетители. Фестивалот овој ден сака  да го прослави со својата многубројна публика, на сите да им подари фантастичен настап и одличен провод таа вечер.

Првобитно планираниот датум кога требаше да настапи еден од најавените хедлајнери на фестивалот беше 11 јули. Меѓутоа, поради ексклузивниот договор со „The Voice!“, американската верзија на идол, пејачот на дуото „Gnarls Barkley“ приморан е да ја откаже целокупната јулска турнеја. Снимањето на новиот серијал на оваа многу популарна емисија, го услови CeeLo Green да не настапи на ниту еден фестивал кој претходно бил договорен за јули 2013.

Но, со исклучителните напори на организаторот на фестивалот да го одржи своето ветување дадено на публиката и благодарејќи на големиот углед кој го ужива EXIT во светската музичка индустрија, ова е единствен фестивал кој доби можност за друг датум за настап на големата ѕвезда. И не само друг датум туку и најдобар роденденски подарок, кој Exit ќе го подели со сите посетители од регионот.

Покрај Си Ло Грин, прогрaмата ќе ја надополни и настапот на Земље Грува и Сви На Под. Овој настан покрај многубројните организирани загревања во јуни и јули, ќе биде еден голем вовед за она што не очекува на овогодинешниот Р:Еволуционерен EXIT.

 



Врати се горе ↑