Настани ceelo

4 април, 2013

Си Ло Грин на Егзит

Еден од најатрактивните вокали на сцената, добитникот на 5 Греми награди и бројни други најпрестижни светски музички награди, Си Ло Гин доаѓа на Егзит. Тоа ќе биде негов прв настап во нашиот регион, во чии рамки ќе ги изведе неговите најголеми хитови „Crazy“, „Forget You/F… You“, „Bright Lights Bigger City“ и многу други.

Си Ло Грин стана планетарна ѕвезда како половина од дуото Гнарлс Баркли, со кои освоија две Греми награди за песната „Crazy“ и албумот „St. Elsewhere“. Уште поголем успех постигна како соло изведувач со изданието „The Lady Killer“ и песните „Forget You/F*ck You“, „Bright Lights Bigger City“ и „Fool For You“, кои му донесоа уште три Греми награди, како и престижните Брит и Билборд награди. На импресивниот список со имиња со кои има соработувано се наоѓаат Мадона, Сантана, Кристина Агилера, Род Стјуард, Бруно Марс, Блек Ајд Пис и Чејс & Статус, што покажува жанровска разновидност карактеристична за многу мал број на автори.

„Верувам дека успехот го наградува упорноста. Тоа е одлично, бидејќи дури и да не успеете во сè што работите, трудот кој сте го вложиле и понатаму може да биде инспирација. Мојот совет е во потполност да се предадете на тоа што го работите и нема да зажалите.“ – порачува Грин, чии песни се дел од многу холивудски хитови, а посебно внимание од медиумите привлече контроверзната изведба на комбирираните зборови на споменатиот хит „Forget You/F*ck You“ пред Барак Обама, претседателот на САД. Познат е и по заедничкиот настап со Мадона на полувремето на најгледаниот спортски настан, Супер Боул во 2012 година, додека помладата публика го знае по улогата на Мареј од анимираниот филм „Hotel Transylvania“.

Музичката иновација по која ќе остане запаметен во историјата на современата музика секако е креирањето на новиот стил на соул музика, потпирајќи се на хип хопот со потекло од југот. Тврди дека контактот со публиката му е најважен, моќта на неговиот глас наведува на танц, но и на преиспитување на емоциите додека пее за љубовта и болката: „Во текот на настапот сакам да ги искажувам емоциите кои ги чувствувам, мило ми е што имам храброст за тоа.“ – вели Грин.

Најновиот видео запис на Грин беше соработката со Лориана Ме, а како изгледаше тоа можете да се потсетите овде. Во продолжение да се потсетиме и на големиот хит „Forget You/F*ck You“.

Извор: mtv.rs

 



Врати се горе ↑