Аудио cindy levacic

18 декември, 2013

Швеѓанката Синди со нов сингл на македонски

Атрактивната Швеѓанка која за кратко време ја плени македонската публика со синглот „Студено (Look At Me)“, младата Синди Левачиќ, повторно е актуелна на музичката сцена со песна која што како и претходната ја направи хитмејкерот Роберт Билбилов. „Месечар“ е насловот на нумерата која е во прогресив хаус ритам, а текстот за истата го напиша Ксенија Николова.

„Пресреќна сум што мојата нова песна ја пеам на македонски јазик. Веќе неколку месеци сум тука и навистина се чувстувам дека сум дома. Сакам да внесувам позитивна енергија во срцата на слушателите, па затоа со Роберт направивме песна која едноставно го крева расположението“ – изјавува харизматичната Синди.

Дваесетгодишната Швеѓанка која за себе има изјавено дека сака да руши традиционални кодекси, е музички образована и своето школување планира да го продолжи на некоја од светските музички академии. Во моментов Синди работи на идејно решение за видео запис за „Месечар“, а како звучи новата песна можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑