Свет Heilsarmee,_the_Swiss_representative_in_ESC_2013

16 декември, 2012

Швајцарија ги избра претставниците за Евросонг 2013

Синоќа се одржа изборот за песна која ќе ја претставува Швајцарија на Евросонг, а помеѓу 9-те понудени песни, за победничка беше избрана композицијата „You And Me“ во изведба Heilsarmee – состав од шест музичари кои се дел од хуманитарната христијанска организација Армија на спасот. Песната ја компонираше швајцарското здружение Хитмил.

Контрабасистот Емил Рамсауер, кој неодамна наполнил 94 години, ќе биде најстариот учесник на Евровизија. Групата која е составена од четворица мажи и две жени, избрана е на интерен кастинг во организацијата. „Учеството на Евровизија е порака за надеж која ќе ја направи Армијата на спасот уште попозната во светот“ – изјавил неименуваниот портпарол на здружението.

Армијата на спасот ја основал англискиот пастор Вилијам Бут во 1878 година и има претставништва во 120 држави. Швајцарија до сега има две победи на Евровизија и тоа во 1956 и 1988 година. Во продолжение слушнете ја победничката композиција.



Врати се горе ↑