24 август, 2016

„Шутни го бејбе“ на „Куку леле“ ја откри врската помеѓу Луна и Ана

Две генерации убавици во спотовите на Роберт Саздов

Сосема случајно, најновиот видео запис за темата насловена „Шутни го бејбе“ на најпопуларното македонско дуо „Куку леле“ ја откри поврзаноста на прекрасната Луна со Ана, дамата која ја играше главната улога во хитовите на „Ластовица“, во раните деведесетти кога Владо Јаневски и Роберт Саздов настапуваа заедно.

Имено, бринетата меѓу двете русокоси во новите спотови на „Куку леле“, Луна Ристиќ сосема случајно му спомнала на Роберт Саздов дека и нејзината мајка соработувала со него во минатото. Откако го навратила Роберт на раните деведесетти кога главна атракција на македонска музичка сцена беше бендот „Ластовица“, Луна ја видела својата мајка во видео записите за тогашните хитови.

vest naslovna

„И’ реков на Луна, јас сум ти бесмртен како Хајлендер. Омажи се, роди ќерка, па и таа ќе игра во моите спотови“, низ насмевка раскажува Роберт.

Популарното дуо пред само два дена во етер ги пушти новите видеозаписи за темите „Шутни го бејбе“ и „На сон ми доаѓаш“. Песните веќе се одлично прифатени од публиката, а претставуваат дел од видео квадрилогијата која ќе биде наскоро готова, каде третата и четвртата песни се „Лисици црни имам“ и „Туѓа си сега“.

 



Врати се горе ↑