Свет new year's concert

31 декември, 2012

Штраус, Верди и Вагнер на Виенскиот Новогодишен концерт

Најпознатиот концерт во светот, Новогодишниот концерт на Виенската филхармонија годинава ќе биде посветен на традиционалните валцери на семејството Штраус, но и Џузепе Верди и Рихард Вагнер, кои во 2013 година навршуваат 200 години од нивното раѓање. 73-тиот по ред Новогодишен концерт во вторник ќе биде одржан во виенската „Musikverein“, а ќе се води под диригентската палка на Франц Веслер – Моест, втор пат по 2011 година. Годинава концертот ќе биде директно пренесуван во 81 земја, што претставува нов рекорд.

Музичкиот директор на Виенската опера однапред се радува на „неспоредливото задоволство на изведување на валцерот“. Тој е еден од петнаесетте диригенти кои до сега го водеа оркестарот на Виенската филхармонија на Новогодишниот концерт, меѓу кои се и познатите Херберт вон Карајн, Лорин Мазел, Зубин Мехт и Рихард Мути. 

Поголемиот дел од репертоарот, како и секоја година ќе биде посветен на композициите на семејството Штраус –  Јохан Штраус таткото, Јохан Штраус синот и Јозеф Штраус.  По повод 200 годишнината од раѓањето на италијанскиот композитор Џузепе Верди (1813-1901) и германскиот композитор Рихард Вагнер, оркестарот ќе изведе музика од операта „Дон Карлос“ и увертирата од третиот чин од Вагнеровата опера „Лохенгрин“.

Љубителите на класичната музика сигурно ќе уживаат и во овогодинешниот концерт, а како звучеше минатогодишниот можете да се потсетите во продолжение со изведбата на легендарниот „Радецки Марш“.

 



Врати се горе ↑