Свет sir_mix_a_lot_baby_got_back

25 септември, 2014

Што вели Сер Микс-а-лот за „Анакондата“ на Ники Минаж?

Ако Сер Микс-а-лот е познат по нешто, тоа е неговата љубов за големите задници, а токму неговиот најпознат хит „Baby Got Back“ беше искористен како основа за актуелниот сингл на Ники Минаж, „Anaconda“. Популарната раперка не крие дека е голем фан на Микс-а-лот, а неговата неодамнешна изјава докажа дека почитта е взаемна.

Имено, во интервју за „Reddit AMA“, раперот рекол дека многу ја сака Минаж и, секако, големите задници: „Ми се допаѓа песната, мислам дека е забавна. Има повеќе од 180 милиони прегледи и мислам дека 2 милиони се само од мене! Интересно е тоа што некои луѓе (веројатно затоа што не се дел од индустријата) мислат дека треба да бидам лут. Сметам дека е кул, таа зеде дел од песната и ја направи своја. Ја сакам песната и се забавувам слушајќи ја, навистина е лудо, особено за човек кој сака задници, како би можел да го гледам видео записот и да речам дека не ми се допаѓа? Само напред Ники!“

 

Раперот открил и дека го сака фактот што е познат како „човекот со песната за големи задници“, насместо „човекот со диџејски вештини“: „Тоа воопшто не ми пречи. Започнав како диџеј, но набрзо сфатив дека моите раце не се толку брзи како на другите диџеи, па сметав дека треба да правам нешто друго во хип-хоп културата. Биди тоа што си и остави на другите луѓе да се пронајдат себеси, тоа е мојот начин на живот“, заклучил тој.

 

 



Врати се горе ↑