Свет

27 јуни, 2019

Што подготвуваат Лана Дел Реј, Аријана Гранде и Мајли Сајрус?

Лана Дел Реј, Аријана Гранде и Мајли Сајрус се несомнено едни од најпопуларните музички ѕвезди во моментов, а освен со самостојните хитови и албуми, нивните обожаватели уште повеќе ќе се израдуваат и ако ги слушнат заедно. По неколкудневно шушкање по социјалните мрежи, се чини дека желбата ќе им се оствари бидејќи трите дами потврдија дека работат на заедничка песна, и тоа за новиот филм „Чарлиевите ангели“.

Имено, некогашната популарна серија во ноември ќе си добие трета филмска адаптација, па сосема логично е филмското трио да добие поддршка и од музичко трио, како што беше случајот и со првиот филм од 2000 година, кога „Independent Women“ на „Дестинис чајлд“ беше можеби најголемиот хит ширум светот. Тогашните Чарлиеви ангели беа Дру Баримор, Луси Лу и Камерон Дијаз, но сега на нивното место доаѓа новата генерација на моќни жени – Кристин Стјуарт, Наоми Скот и Ела Балинска, под режисерската палка на Елизабет Бенкс.

За заедничкиот сингл на Лана, Аријана и Мајли сè уште не се познати многу информации, па додека очекуваме повеќе детали, кус извадок од песната можете да слушнете во продолжение, а веднаш потоа погледнете го и трејлерот за филмот, чија премиера е закажана за 15 ноември.



Врати се горе ↑