Свет

2 мај, 2019

Што подготвуваат Ед Ширан и Џастин Бибер?

Џастин Бибер и Ед Ширан дефинитивно подготвуваат нешто. Музичките ѕвезди деновиве споделија речиси идентични фотографии на социјалните мрежи, каде што облечени во слични кошули стојат пред зелена позадина, а насловот на двете фотографии е едноставно „10“. Обожавателите веќе започнаа да шпекулираат дека станува збор за наслов на песна, додека други мислат дека е само одбројување.

View this post on Instagram

10

A post shared by Justin Bieber (@justinbieber) on

И двата музичари веќе извесно време се отсутни од сцената, а Џастин веќе неколку пати најави дека подготвува нов албум и дека на повидок е нов хит. Уште една можна, но не толку веројатна опција е дека се снима ново видео за хуманитарниот сингл на Леонардо ДиКаприо и Лил Дики – „Earth – во кој учествуваа и Бибер и Ширан.

View this post on Instagram

10. Photoshop spoon

A post shared by Ed Sheeran (@teddysphotos) on

Имајќи го предвид успехот на нивната претходна соработка за „Love Yourself“, уште еден хит од двете ѕвезди сигурно би бил вистински погодок, а за што точно станува збор ќе дознаеме наскоро.



Врати се горе ↑