Аудио beyonce

21 октомври, 2012

Што подготвуваат Бијонсе и Миси Елиот?

Познатата раперка Миси Елиот на нејзиниот твитер профил ја потврди веста дека деновиве во студиото е во друштво на Бијонсе Ноулс. Станува збор за уште една соработка помеѓу раперката и поранешната членка на триото Дестинис Чајлд, откако Елиот гостуваше во нумерата „Signs“ која е дел од претпоследниот албум на Ноулс „Dangerously In Love”.

Уште една новост која што е поврзана со Бијонсе е „новото руво“ на синглот „Dance For You” кој се најде на нејзиниот актуелен албум „4“, овој пат со гостувањето на раперот Ти Ај. Во продолжение слушнете како тоа звучи.

 



Врати се горе ↑