Македонија

20 март, 2019

Што подготвува Рената?

Рената Кралевска веќе подолго време е видно отсутна од музичката сцена, но и од социјалните медиуми каде што одамна не објавила ништо ново… сè досега. Имено, пејачката и авторка на бројни македонски хитови деновиве сподели фотографија со најава дека наскоро ќе има што да се сподели „во името на љубовта и музиката“.

Свесна сум за мојата неактивност на социјалните мрежи, но животот е подобар зад екранот. Наскоро ќе има некои убави нешта што ќе бидат споделени и ќе можеме почесто да се дружиме во името на љубовта и музиката. Ви благодарам за безусловната поддршка и трпението“, напиша таа.

I’m aware about my inactivity on social media, but life is better off the screen 🍀 Soon there will be some beautiful…

Gepostet von Rennata am Montag, 11. März 2019

Последното што го слушнавме од неа беше хитот „Queendom“, кој го објави во април 2017 година и за кој соработуваше со познати шведски продуценти, а сето тоа визуелно беше дополнето од Зоран Зонде Стојановски. Рената е позната по својата таинственост кога станува збор за музиката, а речиси секогаш имало „затишје пред бура“.

Дали станува збор за нов сингл или пак конечно и цел албум, останува да почекаме и да дознаеме наскоро. Во меѓувреме, да се потстиме на одличната „Trust Your Feelings“. Уживајте!

Фотографија: Инстаграм



Врати се горе ↑