Свет rihanna-beyonce

7 јули, 2013

Што мисли Бијонсе за Ријана?

Како што пишува магазинот Enquirer, поп дивата Бијонсе не е баш најсреќна со постапките на нејзината помлада колешка: Ријана секогаш била на работа, но сега потполно изгуби контрола“ – вели изворот на спомнатиот магазин, наводно многу близок на сопругата на Џеј Зи.

Не е тајна дека Бијонсе ѝ е како постара сестра на РиРи, како ни тоа дека г-ѓата Картер се доживува себеси како ментор на помладата колешка: „Бијонсе со години работи на тоа да ги инспирира жените со својата музика. Сега се чувстува дека Ријана го уништува сето тоа.“ – додал изворот.

Ријана во последните месеци значително влијаела на промената на својот имиџ во јавноста; од премногу провокативна облека, до пушење трева, па сè до провокативните и вулгарни настапи. Изворот вели дека Бијонсе ја советувала Ријана да се прибере и за почеток да се облече малку повеќе: „Бијонсе мисли дека Ријана беспотребно се облекува толку невкусно.“

 



Врати се горе ↑