17 ноември, 2015

Што мислат пријателите за Тамара Тодевска?

Во пресрет на првиот голем солистички концерт на Тамара Тодевска, нејзините пријатели отворено кажаа што мислат за неа. Кусото и интересно интервју го направи Весна Бејби Петрушевска, а меѓу интервјуираните се Тони Зен, Панчо од ДНК, Игор Џамбазов, Роберт Билбилов, Елена Ристеска, Нина Јанева, Нино Васков, Гаро Тавитјан, Наде Талевска, Зоки Бејбе, Боки 13… Се чини дека на сите им пречи една нејзина маана, а за што ја пофалија и од што се пожалија дознајте горе!

Инаку, покрај подготовките за концертот закажан за 27 ноември во арената „Борис Трајковски“, Тамара деновиве сними и видео запис за песната „Баш на тебе“, која се најде на нејзиниот долгоочекуван втор албум „Еден ден“. Како се одвиваше снимањето на неколку локации во Скопје погледнете во продолжение.

Билетите за концертот се пуштени во продажба во продажната мрежа на www.mktickets.mk

Продажни места и салони:
Продажните салони на ONE во: Скопје (Ramstore, ТЦ Бисер, ГТЦ, ВЕРО Центар, Skopje City Mall) Куманово, Тетово,Гостивар, Битола 01, Охрид, Струга, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Штип, Велес, Кочани, Струмица, Гевгелија.
Југотон ГТЦ 1 кат
Универзална Сала – Скопје
Тобако – МПМ ПРЕС
Тобако Дрводекор
Тобако 2 – Скопјанка
Тобако Супер 8
Њу Тобако – Охрид,
Оранж Тобако – Тетово

И.Ј.


Врати се горе ↑