Настани 527445_480149242005996_1180895095_n

25 октомври, 2012

Што ќе им понуди клуб „Сцена“ на битолчани овој викенд?

И овој викенд во градот на конзулите ќе има одлична викенд журка. Новоотворениот клуб „Сцена“ повторно со интересна програма за претстојниот викенд. Вечерва забавата ќе започне со бендот Rockenrolers и нивната изведба во живо, а во петок ќе преовладува хип хоп и Р’н’Б музиката, односно гостите ќе се забавуваат со музиката која ќе им ја понудат одличните диџеи како што се DJ Славе и DJ Тања.

Веќе во сабота музичкиот избор ќе се збогати со техно и хаус музика благодарение на локалните добро познати диџеи Ацика и Чико, а крајот на викендот ќе го заокружи Томче RooTBoy. Сите кои сакаат добро да се забавуваат после напорната работна недела, ова е програмата што Ви ја нуди клубот „Сцена“.



Врати се горе ↑