Видео

23 јануари, 2019

Што е следно од „Дупер“?

Инстант-хитовите не се баш честа појава во Македонија, но токму така може да се опише деби-синглот Не сум твој тип на скопското трио „Дупер, кој преку ноќ ја освои македонската публика со заразната мелодија и едноставните, лесно запамтливи стихови, а следниот хит Тело за на ТВ дополнително го зголеми нивното присуство во етерот.

Својот прв настап во живо го имаа на фестивалот „Сонична младост“ на „Пи-ем-џи рекордингс“, по кој следеше и оној на ПИН музичката конференција, а мошне успешната 2018 година ја заокружија со потпишување договор со една од најдобрите продукции во Македонија и регионот – „Авалон.

Фотографија на DUPER.

„Имавме неверојатна година. Животот ни се сврте за 180 степени, растевме со секоја секунда, плачевме и се смеевме. Фала ви на сите што бевте и сте заедно со нас низ цело ова патешествие. Фала за искрената љубов и поддршка. Следат нови 365 дена, полни со многу среќа и многу музика“, рекоа Борис, Илчо и Мартина во оваа пригода, а сега конечно имаме можност да слушнеме барем мал дел од она што ќе биде трет сингл за оваа талентирана тројка.

Од кусото видео објавено на нивната страница на Фејсбук можеме да забележиме дека на повидок е уште еден заразен хит од младите музичари, но не открија кога точно можеме да ја очекуваме неговата премиера, а како ќе звучи најновото од „Дупер“ дознајте во продолжение.

Sneak peek од новата песна! Пишете ни во коментари како ви се допаѓа. 😉

Gepostet von DUPER am Dienstag, 22. Januar 2019

Фотографии: Томи Акимовски



Врати се горе ↑