Балкан

5 јануари, 2018

Што ѝ значи Лепа Брена, и зошто Фахрета не си го сака прекарот

Фахрета Јахиќ станала Брена многу пред да стане позната како пејачка. Како што открива таа, прекарот го добила уште во средно, во 1975 година, и тоа на теренот за кошарка.

„Во тој период почнав активно да тренирам кошарка. На тој терен и беше создаден мојот прекар Брена. Ми го даде тогашниот тренер Влада Бајер. Додека шутирав на кош, ми викна: ’Ајде сега, Брено!’ Во Босна тоа беше синоним за убава девојка. Отсекогаш сум сакала да се истакнувам, да си се изборам за место под сонцето. Како шило бев, затоа и се најдов под кош, со топка в раце. Тука дојде до израз мојата смисла за реалност. Сфатив дека не сум доволно талентирана за кошарка и дека секогаш ќе има подобри од мене, кои нема да можам да ги достигнам. Кога подоцна Саша Поповиќ ме праша дали имам прекар, се сетив на тој настан и така стана Брена“, открила пејачката.

Таа почнала да пее додека била гимназијалка, пеела по игранки и тогаш сфатила дека сцената е нејзиниот терен. Милован Илиќ – Минимакс се погрижил во 1981 година на Брена да му се додаде и Лепа, веројатно затоа што не знаел дека брена и без тоа значи убава девојка. Па така убавата девојка станала „убава убава девојка“ – Лепа Брена.

Затоа и не е чудно што на Брена не ѝ е баш омилен својот прекар и би била многу посреќна да ја викаат Софија или Клаудија. „Да знаев дека ќе станам олку популарна, ќе учествував во осмислувањето на прекарот“.

Извор и фотографии: Вечер



Врати се горе ↑