22 септември, 2013

Штипјаните Д Кру ја претставија својата „Слобода“

По големиот хит „Сонувам“, штипјаните Асе и Џими, заедно со вокалистката Кате (која веќе ја знаеме од емисијата „Талкачи“ што се емитува на МТВ), сега под името Д Кру (The Crew) ја освежија јавноста со уште еден хит за крајот на летната сезона.  Песната насловена „Слобода“ која е снимена во студиото на Роберто Поп Димитров/Кентаур Продукција, е со слободоумен текст во комбинација со реге ритам, како огледало на денешната младина. Видео записот кој веќе од вчера е поставен на ЈуТјуб, се снимаше во текот на летото на повеќе локации, меѓу кои Дојран, Штип и Скопје, а го изработи Лотус Филм во соработка со продукцијата Freedom.

Како изгледа и звучи сето тоа можете да видите горе. Уживајте!


		
				
		 
	

Врати се горе ↑