Аудио viko

12 јули, 2017

Штипјанецот Вико дебитира со „Dear Diary“

Младиот музичар од Штип, Виктор Пецов алијас ВИКО, целиот живот го минува со  музиката, а неодамна реши да направи нешто свое, по кое, како што вели,  ќе го препознаваат, и се надева дека тоа ќе го постигне со ова негово прво музичко дело.

Продуцентот од кој што ја добил матрицата е познат под прекарот Мантра, а девојката со која заедно го исполнуваат ова дело се вика Бреана Марин. Вико, таа и Мантра соработувале преку интернет. Текстот хармонијата и мелодијата во песната се на Вико. За миксот, мастерингот и снимањето на песната бил задолжен Мики Миноски – Иноматик, а истата е реализирана во неговото студио.

„Би сакал да кажам дека ова е само мојот почеток“, вели Вико, кој промовирајќи ја песната на медиумите, наскоро најавува уште многу нови и оригинални теми, а како звучи неговото првенче можете да слушнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑