Настани

15 февруари, 2017

Шпанскиот суперстар диџеј Пако Осуна доаѓа во Скопје

На 25 февруари во Скопје за првпат доаѓа техно великанот, шпанскиот суперстар диџеј Пако Осуна. Пако е еден од најбараните и најреспектираните светски диџеи во моментов, а свој диџеј сет ќе има во ВИП арената „Борис Трајковски“.

пако2

Како македонска поддршка, пред Осуна ќе настапи нашиот најдобар диџеј Никифор, а од „Сан продукција“ ветуваат и најдобар саунд систем, ласерско шоу, лед екрани и многу повеќе за одлична забава на светско ниво.

 

пако1

Влезници за настанот може да се набават во „Пола Југотон“ по цена од 500 денари и на продажните места на kupikartizase.com. Забавата ќе започне во 22:30, а ќе трае сè до раните утрински часови.



Врати се горе ↑