Видео maxresdefault (1)

23 февруари, 2014

Шпанија на Евросонг ќе „танцува на дождот“

Синоќа беше избрана и песната со која Шпанија ќе се претстави на претстојното 59-то издание на Евровизија. Станува збор за баладата „Dancing In The Rain“ во изведба на 31-годишната пејачка Рут Лоренцо. Интересно е тоа што пејачката се прослави со учеството во британскиот X Factor во 2008 година, каде што се пласираше во најдобрите пет, а нејзин ментор беше познатата австралиска пејачка Дани Миног. Иако не успеа да се пробие на британскиот пазар, сепак Рут неодамна потпиша договор со издавачката куќа Ростер Мјузик со чија помош ќе се обиде да ја освои домашната, но и интернационалната сцена. Од 2010 година до сега има објавено 5 синглови, а нејзиниот деби албум „Planeta Azul“ треба да излезе во текот на годинава.

Како звучи шпанската евровизиска песна за годинава можете да слушнете во продолжение.

 

 

 

 



Врати се горе ↑