Свет

26 февруари, 2019

Шоуто мора да продолжи: „Квин“ и Адам Ламберт најавија нов документарец

„Квин“ и Адам Ламберт најавија нов документарен филм кој ќе го прикаже успехот на легендарниот бенд и соработката со „Американскиот идол“. Соодветно насловен „Шоуто мора да продолжи“, (The Show Must Go On), двочасовниот филм ќе содржи снимки зад сцената на бројните концерти од самиот почеток во 2011 година, како и интервјуа со ѕвездата на „Боемската рапсодија“ – Рами Малек, тапанарот Роџер Тејлор и гитаристот Брајан Меј. 

Најавата за документарецот, чија премиера е закажана за април на американската телевизија „ЕЈ-Би-Си“, стигна веднаш по спектакуларниот настап на 91. доделување на Оскарите, каде што музичарите ги изведоа „We Are The Champions“ и „We Will Rock You“, а Рами Малек ја освои наградата за најдобар актер во главна улога.

Ламберт паралелно е посветен и на својата соло-кариера, а пред само неколку дена го објави најавниот сингл од неговиот нов, четврт по ред студиски албум, темата „Feel Something“. Доколку го пропуштивте спектакуларното отворање на 91. Оскари, како изгледаше настапот на „Квин“ и Адам Ламберт дознајте во продолжение. Уживајте!

 

 



Врати се горе ↑