Концерт

7 август, 2018

Шон Пол со порака до македонските фанови

Одбројувањето до еден од најголемите музички спектакли летово може да започне! Јамајканската суперѕвезда Шон Пол на 23 август доаѓа во Скопје, а нашиот главен град е единствената станица од регионот на која ќе застане во рамките на актуелната светска турнеја.

Како што велат организаторите од продукцијата „Фјужн“ и „Акаша букинг“, музичарот доаѓа со својата комплетна 17-члена екипа што вклучува танчери, бенд, како и техничка поддршка. Заради набиената агенда, Шон Пол нема долго да се задржи во Скопје, но судејќи по рајдер-листата, претстојот ќе му биде сосема доволен да се запознае со и со домашната публика и со главниот град.

Во однос на барањата што сè треба да има на располагање пред и по концертот, слободно може да се заклучи дека е и повеќе од скромен, а неговата листа со барања изгледа отприлика вака: доволно чист простор за него и неговата екипа, многу вода, овошје и храна што би требало да е свежо приготвена...

Влезниците за овој уникатен насJJтан се веќе пуштени во претпродажба и тоа по специјално намалени цени, во ограничен број преку продажните мрежи на karti.com.mk и mktickets.mk, како и на kupikarti.mk.

Шон Пол со порака до македонските фанови

Шон Пол со порака до македонските фанови

Gepostet von Вечер am Dienstag, 7. August 2018

Извор: Вечер



Врати се горе ↑