Видео ct-s&sp

11 февруари, 2016

Шон Пол гостува во ремиксот на синглот „Cheap Thrills“ на Сиа

„Cheap Thrills“ е вториот сингл од неодамна објавениот, седми по ред студиски албум на австралиската музичарка Сиа – „This Is Acting“. Песната денеска го започна својот поход на топ-листите, а по тој повод пејачката објави ремикс верзија во која гостува познатиот јамајкански реге и хип-хоп музичар Шон Пол. Сето тоа спакувано во интересен текстуален видео запис Ве очекува во продолжение.

 

Инаку, „This Is Acting“ беше објавен на 29 јануари годинава, а на него се сметени 12, односно 14 нумери за ексклузивното издание. Темите првично биле пишувани за други изведувачи, како што се Ријана, Адел, Бијонсе и други, но откако биле одбиени, пејачката решила да ги отпее сама. Изданието забележа успех и на топ-листите, освојувајќи го врвот на австралиската, 3. место на британската и 4. на американската албумска листа.

Како прв сингл беше објавена песната „Alive“, а во меѓувреме беа претставени и темите „Bird Set Free“, „One Million Bullets“ и „Reaper“.

 



Врати се горе ↑