Видео

3 мај, 2019

Шон Мендез го објави новиот сингл „If I Can’t Have You“

20-годишната канадска ѕвезда Шон Мендез го објави својот нов сингл „If I Can’t Have You“, кој е прв нов материјал после минатогодишното епонимно издание (Shawn Mendes), каде што се сместени хитовите „In My Blood“ и „Lost In Japan“. Сè уште не е познато дали новата песна е најава за четвртиот албум на канадскиот шармер, кој пред две недели го заокружи европскиот дел од светската турнеја „Shawn Mendes: The Tour“, а во јуни ќе продолжи со Северна Америка, Азија и Океанија, за во декември за заврши со Јужна Америка.

Мендез зад себе ги има и првенчето „Handwritten“(2015) и „Illuminate“(2016), а дали на повидок е уште нов материјал, ќе дознаеме наскоро. Дотогаш, уживајте со најновото од него – „If I Can’t Have You“!



Врати се горе ↑