Видео

17 декември, 2018

Шон Ленон им се придружи на Мајли и Марк за изведбата на „Happy Xmas (War Is Over)“

Мајли Сајрус и Марк Ронсон премирно ги отпеаја во живо двете нови песни со кои ја започнаа својата соработка што ќе продолжи и на новиот албум на Мајли. Имено, музичарите викендов гостуваа во култната емисија „Сабота навечер во живо“ на Ен-Би-Си, каде што го изведоа инстант-хитот „Nothing Breaks Like A Heart“, а за празничниот класик „Happy Christmas (War Is Over)“ на сцената им се придружи Шон Оно Ленон, синот на оригиналните автори и изведувачи на оваа песна – Џон Ленон и Јоко Оно.

Тој ги отпеа придружните вокали и на студиската верзија, а како звучи сето тоа во живо дознајте во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑