5 август, 2014

Шинед О’Конор се враќа со „Take Me Тo Church“

По кратко отсуство од музичка сцена, познатата ирска музичарка Шинед О’Конор се враќа со нов сингл најавувајќи го нејзиното десетто студиско издание за крајот на месецов. 47-годишната О’Конор деновиве го претстави синглот насловен „Take Me To Church“, чија продукција ја потпишува нејзиниот поранешен сопруг Џон Рејнолдс. Интересно е тоа што во видео записот за новата песна контроверзната пејачка се осврнува на нејзиниот веројатно најпрепознатлив хит „Nothing Compares To You“, пеејќи ги стиховите со кои вели „Не сакам да бидам таа девојка повеќе“. Како изгледа сето тоа можете да видите горе.

Нејзиниот десетти студиски албум ќе го носи насловот „I’m Not Bossy, I’m The Boss“, а би требало да се појави на 12 август.

 

 



Врати се горе ↑