Балкан SHIX ART GLAVNA SLIKA

24 декември, 2015

„Шикс арт“ го претстави својот прв видео сингл

Ненад Стојковиќ Шикс, еден од рок гитаристите од поновото доба во Србија, отвори ново поглавје во својата кариера наречено „Шикс арт“ (Shix Art), во чии рамки ќе ги претставува своите музички и фото креации.

„’Шикс арт’ е прозорец преку кој можете да ѕирнете во моите креативни немири, а минатото, сегашноста и иднината ќе ги видите преку мојот објектив и ќе го чуете ехото на универзумот, преку моите песни, акорди и тонови“, вели Ненад Стојковиќ Шикс.

Иако од порано е познат како гитарист и автор кој својата умешност на јавноста ѝ ја претстави преку бендовите „Арт дилер“ и „Меда Вук и Сандокан“, во рамките на „Шикс арт“ има и улога на главен вокал и автор. Неговото лично сфаќање на музиката може да се слушне и во првиот сингл „Волим кад си ту“, кој штотуку беше објавен со видео запис во реализација на Игор Михајловиќ Мравац.

 

Во реализацијата на музичките замисли во рамките на бендот „Шикс арт“ на овој сестран уметник, кој на 48. „Гитаријада“ во Заечар беше избран за најдобар гитарист, му помагаат Срѓан Вујатовиќ (бас гитарист) и Никола Душманиќ (тапанар), а својот придонес во првиот сингл дадоа и ателје „Радивојевиќ“, Иван Радосављевиќ Рале и студиото „Мистер Саунд“, на чело со Марко Вељковиќ Веља.

Никола Душманиќ и Срѓан Вујатовиќ

„Секој што е добронамерен, добредојден е во светот на ’Шикс арт’. Чукнете на мојот прозорец и небесна врата, помолете се да има мир и да нема војна, дојдете да споделиме мислења и да им се радуваме на разликите кои ќе донесат квалитет и добронамерни, конструктивни критики“, изјави Шикс по повод првиот сингл.

Сите информации поврзани со работата на овој уметник можат да се најдат на неговата официјална веб страна и фан страницата на Фејсбук.

 



Врати се горе ↑