Свет nile-rodgers

3 февруари, 2015

„Шик“ со нов албум по 23 години

Легендарната диско група „Шик“ (Chic) годинава ќе објави нов албум, кој, по пауза од 23 години, ќе го наследи изданието „Chic-ism“ од 1992 година, пренесуваат американските медиуми. Според информациите, познатиот фронтмен на групата, Најл Роџерс потпишал договор со издавачката куќа „Ворнер брадс“, а првиот сингл се очекува на 20 март, додека албумот би требало да излезе во јуни.

„Најл никогаш не престана да се движи напред, па затоа сум восхитен што можеме да го примиме во семејството на ’Ворнер брадрс’, во ова динамично ново поглавје од неговата кариера“, изјавил директорот на издавачката куќа, Камерон Стренг.

„Шик“ е основана во средината на седумдесеттите години на минатиот век од Роџерс и басистот Бернард Едвардс, кој почина во 1996 година. Во својата досегашна дискографија имаат 8 студиски албуми, два во живо и 12 компилации, од кои последната насловена „Up All Night“ беше објавена во 2013 година, а продуцирале и албуми на имиња како што се „Систер Слеџ“, Деби Хари, Дајана Рос, Џони Матис и други. Бендот повторно стана актуелен откако Роџерс учествуваше во компонирањето и изведбата на три песни од албумот „Random Access Memories“ на „Дафт панк“ од 2013 година, вклучувајќи го и мега-хитот „Get Lucky“.

Во продолжение уживајте со еден од нивните најпознати хитови, „Le Freak“ од 1978 година.

 

 



Врати се горе ↑