23 март, 2015

„Шик“ го претстави новиот хит „I’ll Be There“

Веќе имавте можност да ја слушнете инструменталната верзија на новиот сингл на „Шик“, со кој групата се враќа на музичката сцена по цели 23 години, а деновиве пристигна и комплетната верзија. Станува збор за темата насловена „I’ll Be There“, која е снимена во соработка со „Мартинез брадрс“, а премиерата ја доживеа на Фејсбук. Видео приказната е своевиден времеплов, потсетувајќи на славните денови на оригиналната постава на бендот, како и освежениот состав во моментов. Како изгледа сето тоа погледнете горе.

Легендарната диско група предводена од Најл Роџерс со оваа песна го најавува новиот, деветти по ред студиски албум, соодветно насловен „It’s About Time“, кој ќе го наследи изданието „Chic-ism“ од 1992 година и ќе биде објавен во јуни за етикетата „Ворнер брадс“.



Врати се горе ↑