Настани

3 јануари, 2018

Шесто издание на фестивалот „Земјотрес“ во МКЦ

На 3 февруари (сабота), во МКЦ по шести пат ќе се одржи фестивалот на независна музика „Земјотрес“. Инициран во 2012 година од „Направи заедно“ (сегашен Балкан Велики), „Сикстинајн рекордс“ (Sixtynine Records) и „Пи-ем-џи рекордингс“ (PMG Recordings), фестивалот секоја година ви го презентира најсвежото од македонската алтернативна музичка сцена.

И оваа година како и минатите, освен музичката програма која ќе се одвива на три стејџови, во холот на МКЦ ќе бидат поставени и изданијата на дискографските куќи како и промотивните материјали на бендовите. „Баклава“, „Љубојна“, „Стринг форсис“, „Поган паган“, „Шварцен“, „Сетстат“, Мирко Попов, „Морфеј“, Сашо Митревски и „Палиндром“ се само дел од изведувачите на годинашното издание на фестивалот.

Влезниците по цена од 150 денари ќе бидат пуштени во претпродажба на 16 јануари (вторник), а на денот на настанот истите ќе чинат 200 денари. Повеќе информации за настанот на Фејсбук.

 



Врати се горе ↑