Свет

5 април, 2016

Шерил се повлекува од „Х фактор“

Некогашната членка на групата „Грлс алауд“, Шерил Фернандез-Версини го напушта британскиот „Х фактор“. Пејачката беше дел од жирито од 2008 до 2010 година, а по неколку години пауза се врати за уште две сезони, но сега одлучи уште еднаш да си замине бидејќи сака да се фокусира на својата поп кариера.

„Имав одлични искуства како судија во ’Х фактор’. Научив многу и уживав, но многу ми недостасува создавањето музика и возбудена сум што повторно се враќам во студио“, рекла Шерил, заблагодарувајќи им се на сите со кои што работеше во текот на шоуто, а особено на Сајмон Кауел.

„Беше одлична во емисијата и во иднина ќе работиме заедно на други проекти“, додал познатиот менаџер и основач на овој популарен натпревар, кој есенва ќе ја доживее својата 13. сезона.

Како членка на „Грлс алауд“, Шерил издаде пет албуми, а во својата соло досега има четири студиски изданија, од кои последниот „Only Human“ го објави во 2014 година.

 



Врати се горе ↑