Балкан serbia-marija-serifovic51

18 јануари, 2013

Шерифовиќ во дилема за Беосонг

Пејачката Марија Шерифовиќ, единствената која ја донесе Евровизија во Србија, ги израдувала нејзните фанови прашувајќи се дали да учествува на Беосонг, чиј победник ќе го претставува нашиот северен сосед на Евровизија.

„А сепак да одам на Беосонг?“ – напишала Марија на Твитер. Многу фанови  биле воодушевени од оваа идеја, па ја охрабриле да се пријави на овој наптревар, прогнозирајќи ја нејзината победа. Меѓутоа, пејачката ги разочарала велејќи дека само се шегува и им се заблагодарила на убавите зборови и додала дека го поддржува само колегата Даниел Павловиќ, кој е еден од кандидатите на овогодинешниот Беосонг.

 



Врати се горе ↑