27 ноември, 2012

Шерифовиќ ја препеа и Бијонсе

Српската пејачка Марија Шерифовиќ неодамна за нејзиниот роденден на нејзините фанови им подари преработка на еден од најголемите хитови на Квин, „The Show Must Go On“, ветувајќи дека наскоро ќе објави уште неколку преработки на нејзините омилени песни од светската музичка сцена. Деновиве на нејзиниот официјален канал на ЈуТјуб се појави и следното парче, а тоа е добро познатата „If I Were a Boy“ од Бијонсе. Со оглед на тоа што Шерифовиќ има одлични вокални способности, прекрасно го отпеа и овој голем хит на светската дива. Погледнете го видео клипот од оваа изведба.



Врати се горе ↑