Балкан spek-nata

10 ноември, 2012

Шерифовиќ или Беквалац за Евросонг 2013

Според српските медиуми, главни кандидатки за претставник на Евросонг 2013 се пејачката која со својата победа ја донесе Евровизија во Белград, Марија Шерифовиќ и русокосата убавица Наташа Беквалац. Како што дознава српски Курир од извори блиски до РТС, Шерифовиќ до неодамна била главен фаворит бидејќи многумина сметаат дека таа може да го повтори нејзиниот успех како што тоа го направи со „Молитва“. Но, ги има во голем број и оние кои мислат дека достојно ќе ги претстави и Беквалац.

Според изворите на оваа информација, пласманот на Шерифовиќ во ниту еден момент не е доведен во прашање, но ни Наташа не би била лош избор, затоа што и покрај тоа што Марија има помоќен вокал, и Наташа пее добро. Исто така и нејзината појава и владеење со сцената никого нема да остави рамнодушен, па за која и да се одлучи да биде претставничка, нема да направат грешка.

Во врска со оваа изјава, задолжената за односи со јавноста на Јавниот сервис, Душка Вучиниќ Лучиќ изјавила дека таа и нејзиниот тим сè уште немаат планови за Евровизија, а Беквалац одбила да коментира за тоа.

Марија Шерифовиќ пак изјавила дека веќе ги остварила нејзините амбиции со победата во 2007 година и не би можела да се задоволи со второ или трето место. Исто така смета дека треба да се врати Беовизија бидејќи тоа е чесен начин на избор, додавајќи дека ако РТС ја избере Беквалац за претставничка на Евровизија во Малме, ѝ посакува многу среќа и успех.

 



Врати се горе ↑