Свет 969071_590924517606630_43219035_n

11 јуни, 2013

Шер конечно ќе го претстави новиот сингл

При крајот на минатата година, Шер го најави враќањето на музичката сцена по десет години пауза. Уште во ноември го претстави првиот сингл од претстојниот дваесет и шести студиски албум, но набрзо потоа песната „Woman’s World“ беше “сокриена“ од интернет, а сè уште неименуваниот албум првично закажан за март годинава, беше одложен за септември.

Имено, виновникот за ова одложување била нејзината издавачка куќа, која сакала да го издаде албумот по крајот на летото. А сега конечно е потврдена и веста за првиот сингл кој пејачката премиерно ќе го претстави во живо на финалето на американското музичко шоу „The Voice“ кое ќе се емитува на 18-ти овој месец. Вчера на својата официјална фејсбук фан страница пејачката ја претстави и насловната фотографија за новиот сингл, па се надеваме дека овој пат нема да има никакво одложување.



Врати се горе ↑