Аудио

11 август, 2018

Шер ќе објави албум со преработки на хитови од АББА

Легендарната американска пејачка и актерка Шер сними албум со преработки на хитови од популарната шведска група АББА, а изданието насловено „Dancing Queen“ ќе биде објавено на 28 септември. 72-годишната ѕвезда се одлучи на ваков чекор откако одигра улога во второто продолжение на мјузиклот „Мама миа“, каде што во дует со колегата Енди Гарсија ја отпеа познатата „Fernando“.

„Отсекогаш ми се допаѓаа АББА и оригиналниот мјузикл на Бродвеј го гледав трипати“, открила дивата, додавајќи дека откако ги снимила сцените за филмот, сфатила дека нивните песни се безвременски. „И тогаш помислив дека би била одлична идеја да снимам цел албум со нивни песни. Не е тоа што мислите кога помислувате на АББА, бидејќи го направив на свој начин. Беше навистина тешко да се отпеат овие хитови, но задоволна сум од крајниот резултат и едвај чекам да слушнете што сум сработила“, додала таа.

На изданието ќе се најдат вкупно 10 песни, меѓу кои насловната „Dancing Queen“, потоа „Chiquitita“, „The Winner Takes It All“, „Mamma Mia“ и евровизиската „Waterloo“, а како вовед во овој материјал е објавена познатата „Gimme! Gimme! Gimme! (A Man After Midnight)“, која можете да ја слушнете во продолжение. Уживајте!

 

Список со песни на албумот „Dancing Queen“:

1. Dancing Queen
2. Gimme! Gimme! Gimme! (A Man After Midnight)
3. The Name of the Game
4. SOS
5. Waterloo
6. Mamma Mia
7. Chiquitita
8. Fernando
9. The Winner Takes It All
10. One of Us



Врати се горе ↑