Аудио

23 јуни, 2018

Шер ја препеа „Fernando“ за вториот дел на „Мама миа“

Освен што доби улога во продолжението на култниот мјузикл „Мама миа“, легендарната американската пејачка и актерка Шер даде свој придонес и за саундтракот што ќе пристигне на 13 јули. Имено, заедно со актерот Енди Гарсија, таа сними своја верзија на еден од популарните хитови на АББА – „Fernando“, кој воедно е исфрлен и како најавен сингл за саундтракот.

Овој втор дел на „Мама миа“ соодветно го носи насловот „Мама миа, почнуваме пак“ (Mamma Mia! Here We Go Again) и својот поход низ кино-салите го започнува на 19 јули. Приказната се фокусира на младоста на сега веќе починатата Дона (Мерил Стрип), чија помлада верзија ја игра Лили Џејмс, а 72-годишната дива Шер ќе ја видиме во улогата на Руби Шеридан, бабата на Софи (Аманда Сејфрид). Филмот е во режија на Ол Паркер, кој го напиша и сценариото, а во останатите улоги ќе ги видиме и Пирс Броснан, Колин Фирт, Стелан Скарсгард, Доминик Купер, Енди Гарсија и други.

Во филмот ќе ги слушнеме и хитовите: „Waterloo“, „Dancing Queen“, „Thank You For The Music“, „Super Trouper“ и многу други, а како звучи „Fernando“ во изведба на Шер и Енди Гарсија дознајте во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑