23 декември, 2014

„Шекспир бенд“ со одлична преработка на „Келнерот“ од Ена Веко

Талентираната дружина од Шекспир бенд“ (SheXpeare Band) имаше вистински погодок со рок верзијата на евергринот „Признавам“ од Маријана и Росана, но секако дека не застана таму. Бендот составен од Магдалена Иванова (вокал), Јордан Теодосиев (гитара), Драган Теодосиев (тапани и придружен вокал) и Александар Стојанов (бас, клавијатура, придружен вокал), деновиве ја претстави својата најнова преработка на македонска песна, а овој пат одлучија тоа да биде „Келнерот“ на Ена Веко. 

Аранжманот на новата верзија го направија членовите на групата со Јордан Манов, кој се погрижи и за аудио и видео записот. Улогите ги играат Ана Марија Јосифова, Катерина Иванова и „келнерот“ Христијан Бакал Петровски, а сето тоа снимено во пабот „Блу“ во Кавадарци можете да го погледнете горе.



Врати се горе ↑