За Вас Pivolend2015

20 август, 2015

Шанса за младите и неафирмирани бендови и артисти на „Пиволенд 2015“‏

И оваа година „Пиволенд“ во соработка со „Бла Бла ТВ“ даваат шанса за младите гаражни бендови и за сите недоволно промовирани артисти и диџеи од македонскиот андерграунд да настапат на алтернативната сцена на „Пиволенд 2015“. Со оваа идеја, која минатата година имаше голем успех, тие ќе имаат можност покрај настапот на „Пиволенд 2015“,  да добијат и видео материјал од нивниот настап, а најдобрите пет ќе имаат шанса да настапат и на главната сцена.

Пријавувањето трае до 28. 08. 2015 година, а линкови со вашата музика испратете на фејсбук профилите на Бла Бла ТВ и Бла Бла Телевизија како и на мејлот blabla.televizija@gmail.com со назнака за учество на Бла Бла алтернативната сцена на „Пиволенд“.



Врати се горе ↑