24 мај, 2014

Шакира со уште еден видео запис за „La La La“ за Бразил 2014

Како што веќе Ви пренесовме, неодамна објавениот трет сингл од актуелниот албум на Шакира, песната „Dare (La La La)“ се најде и на музичкиот албум за СП во фудбал кое годинава се одржува во Бразил. Иако темата веќе има еден официјален видео запис, деновиве пристигна уште една видео адаптација во која се појавуваат познати фудбалери меѓу кои и нејзиниот сопруг Жерард Пике. Во оваа верзија на песната гостува и бразилската ѕвезда Карлињо Браун, а како изгледа сето тоа можете да видите горе.

Покрај оваа нова химна на СП во фудбал, сè уште е добро познат и нејзиниот мегахит „Waka Waka (This Time For Africa)“ кој го означи првенството во 2010 година. Оваа година ФИФА го објави и музичкото издание „One Love, One Rhythm“, на кое покрај официјалната химна „We Are One (Ole Ola)“ од Питбул, Џенифер Лопез и Клаудија Леите, чиј видео запис можете да го погледнете долу, се најдоа и песни од Рики Мартин, Карлос Сантана, Вајклиф Жан и Ајзли Брадс.

 



Врати се горе ↑