Аудио шакира

7 април, 2017

Шакира со нова песна открива како се вљуби во Пике

После неколкуте соработки во последниве неколку месеци, Шакира конечно објави соло сингл. Станува збор за уште еден потенцијален хит насловен „Me Еnamoré“ (Се заљубив), во кој 40-годишната ѕвезда пее како се вљубила во својот сопруг Жерард Пике, со кого ги има синовите Милан и Саша.

Новиот сингл е уште една најава за нејзиниот нов, 11. по ред студиски албум, за кој сè уште не се познати многу детали, а како звучи „Me Enamoré“ можете да слушнете во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑