Свет shakira-rihanna-duet-artwork

10 јануари, 2014

Шакира се враќа со нов сингл – дует со Ријана

36-годишната колумбиска пејачка Шакира Изабел Мебарак Рипол, попозната само како Шакира, наскоро ќе го претстави својот нов сингл со кој го најавува нејзиниот десетти студиски албум кој ќе го наследи изданието „Sale el Sol“ од 2010 година. По оправданата пауза од музичката сцена заради раѓањето на нејзиниот син Милан, првото музичко парче на пејачката веќе привлекува големо внимание, а дополнителна причина за тоа е колешката Ријана која гостува во темата насловена „Can’t Remember To Forget You“, закажана за 13-ти јануари.Ова е прва соработка за двете пејачки, а деновиве беше претставена и насловната фотографија за новиот сингл (горе).

Покрај подготовката на новиот албум, Шакира годинава повторно ќе биде дел од шестата сезона на музичкиот натпревар The Voice, каде што со колегата Ашер уште еднаш ќе ги заменат Кристина Агилера и Си Ло Грин, а ќе им се придружат на веќе постојаните судии и ментори Блејк Шелтон и Адам Левин (Марун 5). Додека го очекуваме новиот сингл, уживајте со изведбата на големиот хит „Whenever, Whenever“.

 

 

 



Врати се горе ↑