Аудио shakira-empire

25 февруари, 2014

Шакира претстави нов сингл: Слушнете ја „Empire“

Иако сè уште актуелна со дуетот со Ријана – „Can’t Remeber To Forget You“, како и неодамна претставената соло верзија на шпански јазик „Nunca Me Acuerdo De Olvidarte“, Шакира деновиве го претстави и својот втор сингл со кој го најавува десеттиот студиски албум насловен едноставно „Shakira“. Станува збор за темата „Empire“, која можете да ја слушнете во продолжение.

Покрај подготовката на наовиот материјал, Шакира повторно е дел од музичкиот натпревар The Voice, кадешто во улога на ментор и судија дојде на местото на колешката Кристина Агилера. Шестата сезона од оваа популарна музичка емисија започна викендов, а покрај Шакира судии се и Ашер, Адам Левин и Блејк Шелтон.

Претстојното издание на 37-годишната пејачка ќе биде објавено на 25-ти март, а ќе содржи 12, односно 15 песни за лукзусното издание. Покрај соработката со Ријана, 37-годишната пејачка соработуваше и со канадскиот реге поп бенд Меџик! (MAGIC!), како и со Афроџек, кој се потпишува како продуцент на темата „Dare (La La La)“. Списокот со песни кои ќе се најдат на новиот албум можете да го погледнете во продолжение.

„Shakira“

Can’t Remember to Forget You (feat. Rihanna)
Empire
You Don’t Care About Me
Dare (La La La)
Cut Me Deep (feat. MAGIC!)
23
The One Thing
Medicine
Spotlight
Broken Record
Nunca me acuerdo de olvidarte
Loca por ti

Луксузно издание

Chasing Shadows
The Way
Mad About You



Врати се горе ↑