Свет s-gp

2 февруари, 2015

Шакира по втор пат стана мајка

Шакира по втор пат стана мајка, а 2-годишниот Милан доби братче по име Саша Пике Мебарак. Музичарката ја објави веста на својата веб страна, објаснувајќи го и значењето на името Саша, кое наводно има грчко потекло и значи „воин“ и „заштитник“.

И покрај тоа што ќе биде зафатена со родителски обврски, според шпанскиот венсик „Ел мундо“, колумбијската пејачка веќе извесно време работи на нов материјал, а нејзиното единаесетто студиско издание, на кое ќе гостуваат Алехандро Санз и Иги Азалија, би требало да го објави во март годинава.

 



Врати се горе ↑