Аудио shakira_spanish_version_cover

26 јануари, 2014

Шакира објави и соло верзија на новиот сингл

Познатата колумбиска пејачка Шакира неодамна го претстави својот нов сингл „Can’t Remember To Forget You“, во кој гостува колешката Ријана и кој веднаш стана хит. Оваа песна со која пејачката го најавува нејзиниот десетти студиски албум закажан за 25-ти март, деновиве доби и своја соло верзија отпеана на шпански јазик која го носи насловот „Nunca Me Acuerdo De Olvidarte“. Како звучи тоа можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑