Видео

6 ноември, 2018

Шакира ја заокружи ерата на „El Dorado“ со емотивното видео за „Nada“

Шакира викендов го одржа последниот од 54-те концерти од светската турнеја „El Dorado“, во чии рамки го промовираше материјалот од истоимениот албум, а крајот на ова поглавје од нејзината кариера го прослави и со емотивно видео за баладата „Nada“ (Ништо). 41-годишната ѕвезда овде ги преточила во песна чувствата на самотија, како резултат од стресниот начин на живот за време на турнејата, патувајќи од едно место во друго, без пауза. Сето тоа е дополнето и со одличното видео видео, кое можете да го погледнете во продолжение.

 

Инаку, „El Dorado“ беше уште едно успешно издание за колумбиската дива, која ја дополни својата колекција на награди со третата статуетка Греми за најдобар латино поп-албум. Претпоставуваме дека наредниов период ќе следи пауза и време поминато со семејството, па ни останува да почекаме на следното поглавје од нејзината кариера и она што ќе биде 12. студиски албум од Шакира.



Врати се горе ↑