Свет shakira-6

17 јануари, 2013

Шакира и Пике во хуманитарна кампања за Уницеф

Додека нејзините колешки дебело наплатуваат за фотографиите од бременоста, Шакира и нејзиното момче Жерар Пике  заедно позираа пред објективот во рамките на хуманитарната кампања за Уницеф. Тие организираа виртуелна прослава за раѓањето на бебето, но наместо самите да примаат подароци за бебето, тие ќе ги даруваат бебињата ширум светот кои живеат во тешки услови и сето тоа ќе биде во рамките на кампањата World Baby Shower од Уницеф.

„Сакаме со сите вас заедно да го прославиме раѓањето на нашето прво дете“ – напишала пејачката на нејзиниот профил на Твитер, со што ја започна најголемата хуманитарна прослава за раѓањето деца во светот. Фановите се во можност да донираат пари на оваа страница, а колку повеќе пари ќе бидат собрани, толку повеќе фотографии ќе бидат објавени.

Во продолжение погледнете дел од фотографиите и видео клипот во кој Шакира и Пике се заблагодаруваат на поддршката од фановите.

 



Врати се горе ↑