Аудио

9 јуни, 2018

Шакира и Малума уште еднаш заедно во „Clandestino“

Се чини дека Шакира и Малума навистина уживаат да соработуваат, па откако нè почестија со одличните „Chantaje“ и „Trap“, уште еднаш ги здружија силите за темата насловена „Clandestino“. Исто како и претходните две, така и овој сингл ветува да стане хит, а како што пишуваат американските медиуми, ова е можеби нивната најдобра соработка досега.

„Малума  е еден од најталентираните луѓе што сум ги сретнала. Тој е толку агилен во пишувањето стихови и мелодии, а најдоброто нешто е што секогаш се согласуваме“, изјавила колумбиската ѕвезда во неодамнешен разговор со „Билборд“.

Пејачката неодамна ја започна и новата светска турнеја „El Dorado“, насловена по истоимениот албум што го објави лани и на кој се сместени првите два дуета со Малума, а како звучи нивното најново заедничко дело дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑